Thursday ,07 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Два нерешени резултати, една победа и пораз на Вардаровите генерации во дуелите со Шкендија
Два нерешени резултати, една победа и пораз на Вардаровите генерации во дуелите со Шкендија

Два нерешени резултати, една победа и пораз на Вардаровите генерации во дуелите со Шкендија

Во саботата се одигра третото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на Вардаровите генерации беше екипата на Шкендија. Беа забележани една победа, два нерешени резулати и еден пораз.

Единствено кои успеаа да слават во дуелите со Шкендија беа помладите пионери. Избраниците на Љупчо Марковски стигнаа до висок триумф (4:1), натпревар на кој доминираа и создадоа повеќе шанси од противникот. Четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци. Трајановски, Мирков, Крстевски и Омерагиќ ја погодија противничката мрежа за убедлив триумф. Добро започна сезоната за оваа генерација која е дебитант во првенството, и која има две победи и еден нерешен резултат по првите три одиграни натпревари.

Пионерите и после три одиграни кола се уште се без победа. Дербито против Шкендија заврши со нерешен резултат од 3:3. Црвено-црните на два пати се враќаа од негатива, иако на крај имаа можност да ги освојат и трите бодови. Сепак можеби нерешениот резултат беше најреален исход на овој дуел. Шкендија имаше водство од 0:2, за Вардар набрзина да го израмни резултатот на 2:2. Повторно гостинската екипа поведе и на полувреме имаше водство, за во вториот дел Вардар да израмни на 3:3, што на крај се покажа како конечен. Малик Хасновиќ постигна два гола, додека еден беше дело на Леонид Игнатов. Ова е втор нерешен резултат за пионерите, кои имаат и еден пораз.

Кадетите се спасуваа од пораз на гостувањето на Тетово, каде до 89 минута имаа негатива, за Христијан Петковски да погоди и да донесе бод за Вардар. Со оглед дека многу тешко се освојуваат бодови на гостувањата во Тетово, може да се каже дека ова е добар резултат за избраниците на Колев. После ова коло, црвено-црните имаат 4 освоени бодови.

Прв пораз во новата сезона за младинскиот состав предводен од Ѓорѓиевски, кој беше поразен против Шкендија. Вардар успеа да израмни по почетната негатива со голот на Колевски, но тоа не беше доволно да се извади поволен резултат. Домашната екипа постигна потоа два голови и имаше предност од 3:1, за да намали Дишлеивски на 3:2. Сепак Шкендија не остави ништо на случајноста и со уште еден гол во нашата мрежа ги постави конечните 4:2. За Вардар стрелаа Бојан Колевски и Оливер Дишлиевски. Ова беше прв пораз во новата сезона за младинците на Вардар, кои имаат и две победи.