Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Вардар утре ја брани лидерската позиција, во “Јане Сандански“ гостува Татран
СЕХА: Вардар утре ја брани лидерската позиција, во “Јане Сандански“ гостува Татран

СЕХА: Вардар утре ја брани лидерската позиција, во “Јане Сандански“ гостува Татран

Вчера црвено-црните во Полска одиграа деби дуел во новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите во кој со победа од “плус четири“ гола ја старуваа сезоната 2017/2018 и одбраната на европскиот трон. За нив има мал одмор бидејќи веќе утре повторно играат меѓународен натпревар, овој пат го пречекуваат Татран Прешов во “Јане Сандански“ во дуел од регионалната СЕХА Гаспром лига.

Дуелот се игра утре, 19-ти септември во Скопје со почеток во 20 часот и 45 минути. Од истиот пренос ќе врши Македонската радио и телевизија. Утре ќе играме дуел во рамки на 4.коло од регионалното натпреварување. После крајот на   3.коло само една екипа e  со максимален учинок, и има девет бода  , станува збор за нашиот РК Вардар. Нашите момци дојдоа до сите  победи на трите досегашни средби, па како лидери ќе влезат  следниот дуел против Татран Прешов. Нашиот ривал моментално е зад нас на втората позиција со 6 освоени бода по три одиграни мечеви. Вардарци имаат убедливо најдобар напад досега со 95 постигнати гола по три кола или во просек речиси 32 постигнати погодоци по меч, а имаме и најдобра гол позитива од 30+ во лигата.