Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Jаневски: Испуштивме два бода во овој дуел
Jаневски: Испуштивме два бода во овој дуел

Jаневски: Испуштивме два бода во овој дуел

Нашиот фудбалски клуб Вардар вчера освои само бод во дуелот со Скопје на гостувањето на  „Железарница“. Тренерот на црвено-црните Чедомир Јаневски после натпреварот го прокоментра овој дуел од првата домашна лига, тој вели:

Ние самите ги испуштивме двата бода, практично му ги „подаривме“ бодовите на нашиот противник. Се стекнавме со водството од 1:0, а потоа примивме гол. Можеби имаше и прекршок за тој израмнувачки гол, не знам. Но, можам да кажам дека тој гол никако не смеевме да го примиме на таков начин. Потоа настана нервоза, и во вториот дел ја имавме иницијативата, но последното додавање не стигнуваше, или нашите играчи не беа на вистинските позиции во завршницата. И со 10 играчи подоцна бевме подобар противник, но повторно ќе кажам недостатуваше тоа последно додавање, или, пак, тие неколку удари кои ги имавме не завршија на вистинското место. Испуштивме два бода, но мора да одиме понатаму. После овие три натпревари кои ги игравме во Македонија, јасно е дека нè очекуваат  тешки услови за игра, и играчите мора да бидат психолошки подготвени-изјави Јаневски