Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Седум играчи од ФК Вардар со повик за настап во репрезентацијата У18, за контролните дуели против Израел
Седум играчи од ФК Вардар со повик за настап во репрезентацијата У18, за контролните дуели против Израел

Седум играчи од ФК Вардар со повик за настап во репрезентацијата У18, за контролните дуели против Израел

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Израел до 18 години. Натпреварите се закажани на 4. и 6. октомври на гостински терен. Селекторот на нашата репрезентација, Шкумбин Арслани за двете тест пресметки повика и од редовите на Вардар.

Се работи за голманот, Кристијан Китановски, потоа Али Асани, Александар Ѓурковски, Виктор Крстевски, Анатолиј Петејчук, Леонид Игнатов и Азер Омерагиќ.

На претходните контролни натпревари, македонската репрезентација ја совлада Унгарија со 3:0, а славевме и против Словачка со 3:2 на турнирот во Чешка.