Утре тимот на Вардар ќе го одигра последниот натпревар во 2017 година. Во рамките од реваншот на Купот на Македонија, Вардар ќе гостува кај тимот на Слога, овој дуел ќе биде одигран во населбата Ѓорче Петров каде што беше одигран и првиот дуел.
Од овој натпревар најавен е пренос на ТВ Нова, натпреварот започнува со почеток во 13.00 часот. Се надеваме на победа и пласман во 1/4 финалето од Купот.