Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Велковски: Што порано дадеме гол, тоа подобро за нас
Велковски: Што порано дадеме гол, тоа подобро за нас

Велковски: Што порано дадеме гол, тоа подобро за нас

Тимот на Вардар утре ќе го одигра последниот натпревар во 2017 година. Пред овој дуел, играчот на Вардар, Дарко Велковски за клубскиот сајт изјави:

“Последен натпревар за нас оваа година која што беше успешна, и на тој начин сакаме да ја завршиме. Утре ни претстои реваншот од Купот против Шкупи во меч во кој што сигурно ќе атакуваме на победа и на пласман во следната фаза од Купот. Нашите амбиции се и освојување на Купот сезонава и поради тоа ќе дадеме максимум да оствариме резултат за следната фаза. Знаеме дека мораме да дадеме гол после оние 1:1 од првиот меч и мислам дека можеме да дојдеме до тој погодок. Што порано дадеме гол, тоа подобро за нас. Во секој случај ќе одиме на триумф како и на секој натпревар. Добро е што овој меч ќе се игра на подобар терен од оној на Чаир, затоа што таму игравме во првенството и  навистина немаше услови за играње на натпревар”, вели Велковски.