Кадетите на РК Вардар загубија во осминафиналето на турнирот во “Брчко“ од екипата на Дуго Село (Хрватска). Во овој дуел ривалот влезе одморен бидејќи за нив ова беше прв дуел денес, а ние в 8 часот имави клучен дуел. Утре со Веспрем играме за 7.место што е одлилен успех од 20 тима бидејќи игравме со повозрасни ривали две години.
Нашите надежи имаа можност први да го отворат резултатот, но Чакалиќ не успева да погоди од ударот од седум метри, затоа во својот прв напад реализираше противникот за отварање на резултатот. Чакалиќ ја исправа грешката и погоди во следниот обид и го израмни резултатот на 1:1. Следеше лош период за нашите кадети, што го искористи екипата од Хрватска која направи серија од 6:0 и успева да поведе со 7:1. Слабо игравме и во нападот и одбраната, во нападот промашувавме од крилните позиции и не делуваме организирано, додека во одбраната недостасуваше цврстата игра, каде речиси игравме без направен фаул врз противничките играчи. При резултат 4:1, тренерот на Вардар, Андријана Будимир побара тајм-аут, но и после тоа не успеавме да се соземеме. Нов промашен удар од седум метри, затоа Дуго Село реализира од истава позиција и во 9 минута имаше убедливи 7:1. Вториот гол, Вардарци го постигнуваат во 10 минута и тоа преку за намалување на резултатот на 7:2. Третиот гол за нашиот состав го постигна Бојан Чакалиќ, за резултат од 8:3, но во следните минути, противникот стигна и до највисоки 14:5. На полувреме резултатот гласеше 15:7.
Никола Жерновски го отвори второто полувреме со гол, но и во следниот период Дуго Село ја одржуваше разликата од осум голови (19:11). Немавме сили да се вратиме во натпреварот и да донесеме резултатска неизвесност. Заморот си го направи своеото, а екипата од Хрватска се покажа како поквалитетна и подготвена во овој дуел од осминафиналето. Мишевски и Димитријевски намалија на 23:17, но сепак немаше многу време околу конечниот победник на натпреварот. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 27:20.
Кај нас Чакалиќ и Трајчевски имаа по пет гола, Жерновски погоди четири пати.