Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со три убедливи победи, вардаровата генерација “2008„ обезбеди пласман во 1/4 финалето на турнирот “Кул Куп„
Со три убедливи победи, вардаровата генерација “2008„ обезбеди пласман во 1/4 финалето на турнирот “Кул Куп„

Со три убедливи победи, вардаровата генерација “2008„ обезбеди пласман во 1/4 финалето на турнирот “Кул Куп„

Генерацијата “2008„ на ФК Вардар на убедлив начин успеа да се пласира во четвртфиналето на турнирот “Кул Куп„. Во текот на денешниот ден, избраниците на Миле Крстев ги добија останатите два натпревари во групата и го освоија првото место.

Најпрво утрово, во рамките на 2.коло, црвено-црните беа подобри од екипата на Тефејуз која ја совладаа со резултат 9:2. На овој натпревар хет трик постигна Арти Азизи, додека два гола беа за Ненад Дамјаноски. Во листата на стрелци на овој дуел се запишаа уште и Иван Ташовски, Коста Бошковски, Матео Кесиќ и Лука Трпевски.

vardarfans-1

Во последното коло од групната фаза, вардарци ја победија екипата на Лидер од Крагуевац. Триумфот беше изразен со голема разлика, избраниците на Крстев славеа со резултат 15:0.

Редоследно ви ги претставуваме стрелците на сите голови за Вардар на овој дуел:

Иван Ташовски 1:0

Коста Бошковски 2:0

Ненад Дамјаноски 3:0

Лука Трпевски 4:0

Арти Азизи 5:0

Матео Кесиќ 6:0

Лука Трпевски 7:0

Стефан Бранковски 8:0

Арти Азизи 9:0

Ненад Дамјаноски 10:0

Матео Кесиќ  11:0

Огнен Бојковски 12:0

Ненад Дамјаноски 13:0 и 14:0

Арти Азизи 15:0

2 3