Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Влатко Стојановски: Одигравме добра сезона, цело време верувавме дека можеме да ја одбраниме шампионската титула
Влатко Стојановски: Одигравме добра сезона, цело време верувавме дека можеме да ја одбраниме шампионската титула

Влатко Стојановски: Одигравме добра сезона, цело време верувавме дека можеме да ја одбраниме шампионската титула

Пред нас е уште една сезона во регионалната-скопска лига, во која генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година успеаа да ја одбранат шампионската титула. Избраниците на Чунга Лунга ја завршија сезоната на првото место, пред екипата на Шкендија. Одигравме вкупно 24 натпревари, на кои остваривме 19 победи, 3 нерешени резултати и 2 порази, што беше доволно за втор последователен трофеј во ова натпреварување. Еден од играчите кои имаше солидна минутажа на натпреварите за оваа генерација беше Влатко Стојановски, со кој направивме кратко интервју за сезоната која помина.

vardarfans-stojanovski

1. Влатко, твои впечатоци од сезоната во регионалната-скопска лига во која успеавте да ја одбраните шампионската титула?

-Земајќи ги во предвид сите кои земаа учество и сите натпревари кои беа одиграни, би заклучил дека беше одиграна одлична сезона и пред се беше имаше меѓусебно дружење. Сепак не треба да се задоволиме со постигнатото, туку треба и понатаму да продолжиме со напорна работа и секојдневно тренирање.

2. Дали на почетокот на сезоната верувавте дека трофејот ќе го одбраните и како реагиравте на промената кај тренерите?

- Цело време верував дека можеме да стигнеме до шампионската титула. Едноставно влегуваме на терен за да одиграме добар натпревар. Нормално е дека ни беше потребно малку време за да се прилагодиме кога ни се менуваат тренерите, но секој од нив е многу важен, затоа што секој ни споделува различни искуства и секој од нив на различен начин ни помага да го развиваме нашиот талент за фудбалот.

1015-660x330

3. Со оглед дека оваа сезона ваш предводник беше “Чунга Лунга“, колку време ви требаше да се воиграте под негово водство и дали сметаш дека на крај ја исполнивте целта?

-Поминавме низ многу искуства и предизвици и се надевам уште многу ќе учиме за да го исполниме она што всушност и се очекува од нас. Фудбалот е тимска игра, каде секој играч е исто толку важен како и тренерот. Колку и да се квалитетни и талентирани некои од нас, потребно е сите да бидеме колку што е можно подобри. Бевме добри, но мислам дека секогаш може и подобро.

4. Во купот не успеавте, бевте елиминирани од А.Пандев, каде ја гледаш причината за оваа елиминација?

-Не велам дека понекогаш не грешиме, тешко е кога ќе се изгуби на терен, понекогаш е потребна и малку среќа, но тоа што можам да го ветам е дека продолжуваме упорно , истрајно и напорно.

Звонко Ивановски