Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар денес ги дознава ривалите во групата од ЛШ, црвено-црните носители со ПСЖ
РК  Вардар денес ги дознава ривалите во групата од ЛШ, црвено-црните носители со ПСЖ

РК Вардар денес ги дознава ривалите во групата од ЛШ, црвено-црните носители со ПСЖ

Денес во 12 часот и 30 минути македонските ракометни клубови  во Лигата на шампионите, Вардар и Металург,   ќе ги добијат противниците за следната сезона во групната фаза. Во Виена ќе биде ждрепката за   новата сезона во ракометната Лига на шампионите.

zdreb

Вардар  е носител во посилните групи А и Б заедно со ПСЖ екипата на Раул Гонзалез, тим со кој не може да играме во групната фаза. ЛШ и оваа сезона ќе има исти  систем на натпреварување, со 28 екипи вкупно, 16 во двете поквалитетни групи и 12 во двете со “неквалитетни“ групи каде ќе игра другата македонска екипа од Автокоманда.