Успешно коло во детската фудбалска лига за генерациите на Вардар, кои одиграа вкупно десет натпревари, на кои забележаа дури девет победи и има само еден нерешен резултат.
Единствениот нерешен резултат го оствари екипата на Вардар (2) од генер. “2006„ која одигра без победник (3:3) во дуелот со екипата на Сарај, додека Вардар (1) го победи Албион со резултат 3:1.
Генерацијата “2007„ одигра два интересни натпревари против екипата на Кул, кои ги добија во своја корист. Вардар (1) славеше со пресврт (5:2), откако на полувреме имаше негатива од 0:1, додека Вардар (2) исто така славеше победа (4:3) со голем резултатски пресврт во последните пет минути кога се врати од негатива 1:3.
Најубедлива беше генерацијата на Вардар родени “2008„ година кои постигнаа вкупно 31 гол на двата одиграни натпревари. Вардар (1) ја победи екипата на Беса со резултат 23:0, додека Вардар (2) ги совлада врсниците од Фортуна со резултат од 8:2.
Голгетерески расположена беше и генерацијата родени “2009„ година кои убедливо ги добија своите натпревари. Вардар (1) издвојува висок триумф против екипата на Сарај (11:0), додека Вардар (2) славеше против екипата на Фамос со резултат 6:2.
Продолжуваат победите и најмладите вардарци од генер. “2010„ кои се дел од детската лига. Вардар (1) го победи тимот на Карпошово (8:2), додека Вардар (2) трумфираше на мечот против екипата на Фудбал Кид (6:1).
Од сите натпревари можевте да прочитате извештаи на нашиот сајт.