Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пет генерации на ФК Вардар во претстојниве три дена ќе ги одиграат првите мечеви од 1/4 финалето на националниот куп
Пет генерации на ФК Вардар во претстојниве три дена ќе ги одиграат првите мечеви од 1/4 финалето на националниот куп

Пет генерации на ФК Вардар во претстојниве три дена ќе ги одиграат првите мечеви од 1/4 финалето на националниот куп

Во претстојниве три дена, пет генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе ги одиграат своите првите натпревари од 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Денес со почеток од 10:00 часот, генерацијата на ФК Вардар родени “2004„ година ќе гостуваат во Битола, на екипата на Пелистер. Избраниците на Петар Ѓорѓиески се наоѓаат во добра форма, откако победуваа на последните три натпревари во рамките на регионалната-скопска лига. Двете екипи се сретнаа во осминафиналето на купот минатата сезона, кога црвено-црните во еден меч одигран на теренот на Академијата ја елиминираа екипата од Битола, совладувајќи ја со резултат 7:0. Мечот денес во Битола стартува од 10:00 часот.

Во среда со почеток од 10:00 часот својот прв натпревар од оваа елиминациска рунда ќе го одиграат и генерациите на Вардар и Работнички, родени “2005„ година. Првиот дуел ќе се одигра на теренот на Академијата. Овие две екипи веќе еднаш се сретнаа оваа сезона, на натпревар од регионалната-скопска лига, Вардар славеше на гостински терен со резултат 2:3. Работнички од клупата ги предводи поранешниот вардаров тренер, Филип Арсовски.

Помладите пионери се домаќини на екипата на Шкендија, во рамките на првиот 1/4 финален меч во националниот куп. Ова ќе биде второ соочување оваа сезона со екипата на Шкендија. Првото го доби Вардар, кога на истиов терен славеше во дуел од 2.првенствено коло со резултат 2:1, со два гола на Георг Стојановски. Мечот се игра во среда со почеток од 13:00 часот.

Градско дерби во 1/4 финалето на купот помеѓу Вардар и Работнички и кај кадетите. Избраниците на Таневски гостуваат утре на теренот на Локомотива, на првиот натпревар, кој е закажан да започне од 11:00 часот. Работнички веќе еднаш не совлада на наш терен, во рамките на кадетската супер лига, кога славеа триумф со резултат 0:2.

Последни кои ќе го одиграат својот прв меч од купот се младинците на Вардар, кои во четврток се домаќини на екипата на Македонија Ѓ.П, на теренот во населбата Јане Сандански. Избраниците на Андовски го совладаа истиов противник на стартот од сезоната во лига, кога на истиов терен победивме високо со резултат 5:1. Мечот во четврток стартува од 10:00 часот.