Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Младиот состав на Вардар на “испит“ во Белорусија кај Брест Мешков
Младиот состав на Вардар на “испит“ во Белорусија кај Брест Мешков

Младиот состав на Вардар на “испит“ во Белорусија кај Брест Мешков

Првиот од двата натпревари во краток период помеѓу екипите на Вардар и Брест Мешков, ќе биде одигран денес на теренот на противникот, во рамките на СЕХА-лигата.

Изминатава недела беше наменета за квалификации за пласман на ЕП во 2020 година, па и од двете екипи имаше играчи кои беа активни во ЕХФ неделата. Поради тоа, Вардар се реши на овој дуел да игра со младински состав, голем дел од денешниот товар ќе го изнесат играчите кои се дел од екипата на Вардар Јуниор, која се натпреварува во Супер лигата, потпомогнати од поискусните играчи, како Војводиќ, Поповски и Недановски. Што се однесува до денешниот противник, екипата на Брест Мешков се наоѓа во лоша серија од три последователни порази во ова натпреварување. Избраниците на Маноло Каденас имаа одличен старт на сезоната, кога на првите три меча остварија исто толку победи, но потоа следеа поразите од екипите на Татран Прешов, Стеауа и Војводина. Мора да се напомене дека на гостувањата, Брест Мешков настапуваше со својот втор тим, па од тука се и последните два неуспеси против екипи кои мораа да се совладаат. Домашните мечеви претежно ги игра со својот прв тим, па се очекува и денес да излезат со најдобрите свои играчи, на дуелот со подмладениот Вардар.

Останува да видиме колку овој состав на Вардар ќе може да се спротивстави на силниот противник од Белорусија. Денешниот меч кој започнува од 16:15 часот по македонско време можете да го проследите со директен пренос на МРТ и Арена Спорт 1. Веќе во сабота не очекува нов меч против Мешков, но на домашен терен во рамките од Лигата на Шампионите.