Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најдоски: Мило ми е што по 29 години ќе бидам во мојот дом, во овој клуб во овој историски момент и настапот во групната фаза од Лигата на Европа
Најдоски: Мило ми е што по 29 години ќе бидам во мојот дом, во овој клуб во овој историски момент и настапот во групната фаза од Лигата на Европа

Најдоски: Мило ми е што по 29 години ќе бидам во мојот дом, во овој клуб во овој историски момент и настапот во групната фаза од Лигата на Европа

Денес во просториите на академијата, фудбалскиот клуб Вардар одржа прес-конференција, на која покрај другото го претстави и новиот технички директор на клубот. Се работи за Илија Најдоски кој повторно се враќа во Вардар, откако во периодот од 1984-1988 година беше дел од клубот и е дел од шампионската генерација на најтрофејниот клуб, која ја освои титулата во Југославија во сезоната 1986/87. Најдоски пред медиумите изјави дека е среќен што е повторно дел од Вардар и дека ќе се обиде со неговото искуство да му помогне на клубот.

-По долго време повторно се враќам во Вардар. Мило ми е што по 29 години ќе бидам во мојот дом, во овој клуб во овој историски момент и настапот во групната фаза од Лигата на Европа. Се надевам на добри резултати во соработка со стручниот штаб и со останатите. Со моето искуство ќе помогнам околу екипата и спортскиот дел. Верувам дека Зенит беше само еден лош ден, сметам дека против Розенборг и во другите натпревари од групата тимот ќе биде подобар.

Вардар ги врати најголем дел од легендите во клубот, каде покрај Најдоски веќе се наоѓаат Дарко Панчев и Чеде Јаневски.