Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ја губи титулата, нова очајна игра и кикс
Вардар ја губи титулата, нова очајна игра и кикс

Вардар ја губи титулата, нова очајна игра и кикс

Нов кикс на Вардар, овој пат на Чаир против тимот на Слога 2:0 (0:0). И втор натпревар по ред, Вардар не е во состојба да го победи овој скопски тим, со овој пораз се чини дека Вардар ја губи битката за титулата оваа сезона со тимот на Шкендија. Големо прашање е зашто и на овој натпревар Јаневски одмараше неколку играчи како Блажевски, Хамбарџумјан, Велковски и тн.

На еден многу лош терен за игра, Слога и Вардар одиграа без голови по првите 45. минути. Во еден натпревар со никакви услови за игра со повеќе кал отколку трева, Слога и Вардар успеаа да креираат само по една убава шанса за гол. Најпрвин во 36. минута Николов се најде во добра прилика од 15-сетина метри но биеше само покрај голот на Зендели. Кон крајот на првиот дел, односно во 43. минута, Мбела со глава биеше во голот на Вардар а Алексовски одлично одбрани.

На стартот од вториот дел кај Вардар во игра влезе Ацо Стојков на местото на младиот Стојчевски. И на почетокот на вториот дел се играше многу тешко со ниту една створена шанса за гол и на двете страни. Во 49. минута кај Вардар во шанса се најде Максим Максимов кој биеше за малку крај голот на Зендели. Во 64. минута Вардар го “удри” студен туш на Чаир, Бајрами со прекрасен гол од 20. метри ја донесе Слога во водство од 1:0. Во следниот период Вардар не искористи две убави шанси преку Петковски и посебно Максимов кој биеше од 10-сетина метри само во Зендели. На средината на вториот дел во игра кај Вардар влезе и Петар Петковски на местото на Николов. Ништо сериозно по голот на Слога не се случи во понатамошниот дел од мечот, Вардар делуваше немоќно. Победата и нов мајсторски гол ја потврди Стојкоски со феноменален гол од преку 25 метри за 2:0 и победа во 86. минута.