Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Нова добра игра и победа за пионерите на ФК Вардар, денес совладани врсниците од А.Пандев
Нова добра игра и победа за пионерите на ФК Вардар, денес совладани врсниците од А.Пандев

Нова добра игра и победа за пионерите на ФК Вардар, денес совладани врсниците од А.Пандев

Пионерите на ФК Вардар запишаа нова победа во првенството, откако на теренот на Академијата ја совладаа екипата на А.Пандев. Заслужен триумф за црвено-црните кои славеа со резултат од 3:0. Стрелци на головите беа Илиевски, Астарџиев и Димоски.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Николов, Ѓурковски (c), Манасиевски, Спировски, Андоновски, Илиевски, Ристовски, Хасановиќ, Астарџиев, Игнатов.

Вардар успева многу бргу да го отвори резултатот на овој натпревар и да поведе со 1:0, откако од корнер топката ја нафрли Андоновски, а на вистинското место во противничкиот шеснаесетник се најде Марио Илиевски кој успешно бие за отварање на резултатот. Следните три удари беа за Академија Пандев, но нашиот голман, Матеј Андов беше на вистинското место и секогаш успешно бранеше. Многу сериозна прилика се создаде за гостинската екипа, кога на вратена топка до Андов имаше лошо избивање, која стигна до еден од играчите на А.Пандев, кој неколку метри не успева да го совлада нашиот чувар на мрежата. Вардар во продолжение од играта имаше прилика преку Ристовски Давид да го зголеми резултатот, кога при една мешаница биеше, но топката од гол линијата ја исфрли еден од дефанзивците на противникот.

3

Продолживме со нападите кои вордија со плод и нов втор гол во гостинската мрежа. Се играше акција од десната страна кога Малик Хасановиќ ја нафрли топката во противничкиот шеснаесетник, на која стигна Филип Андоновски кој со умерен и прецизен удар го совладува голманот на струмичани, за веќе предност од 2:0. Истиов играч имаше убава шанса со глава кога шутираше покрај голот, како и Андоновски кој исто така бие за малку покрај голот на А.Пандев. По првото полувреме, Вардарци имаат солидна предност од 2:0.

2

Први измени на стартот на старот на второто полувреме во редовите на Вардар. Во игра влегоа Ибиши и Димоски, на местото на Николов и Ристовски. Токму нововлезениот Димоски ги имаше првите удари кон голот на А.Пандев, но голманот успешно одбрани. Црвено-црните доминираа и во второто полувреме и имаа поголем посед на топка и шанси од противникот. Филип Андоновски се најде во добра прилика откако претрча од половината, но голманот на струмичани му влезе во ударот и спречи поголема негатива. Гостинската екипа имаше убава можност да го намали резултатот, откако еден од нивните играчи ја погоди стативата од нашиот гол, имавме среќа во оваа ситуација. Сепак Вардар не остава ништо на случајноста и успева да го зголеми резултатот на 3:0 и тоа со голот на Бојан Димоски. Одлична акција одиграа стрелецот на голот и Малик Хасановиќ, а завршниот удар го имаше Димоски кој заврши во мрежата.

1

Голманот на Вардар, Андов денес беше на висина на задачата и успева да скроти неколку удари на противникот. Тренерот Тодоровски им даде шанса за настап на сите играчи кои денес беа на располагање, освоен голманот Станковски. Во игра влегоа и Цури, Хасиќ, Кртовцки и Асенов, на местото на Астарџиев, Хасановиќ, Спировски и Андоновски. До крајот на натпреварот за одбележување е и ударот на Ибиши, кој од прекин бие над голот на А.Пандев.

Оваа генерација на Вардар игра се подобро и со овој триумф ќе оди во погорниот дел на табелата. До првиот круг на натпреварување останува уште едно коло, каде пионерите ќе гостуваат на Чаир, на екипата на Шкупи.