Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките повторно триумфално, девојките на Платон и Кузмановска подобри од РК Ѓорче
Пионерките повторно триумфално, девојките на Платон и Кузмановска подобри од РК Ѓорче

Пионерките повторно триумфално, девојките на Платон и Кузмановска подобри од РК Ѓорче

Пионерската селекција на Вардар во женска конкуренција  која е предводена од Платон и Кузмановска денес беше  домаќин на мечот од шестото коло од пионерското првенство. Ние ги  пречекаме врсничките од екипата на РК  Ѓорче   во СЦ “Кале“- Скопје. Црвено-црните дами во дуел во кој целосно доминираа дојдоа до победа со 14-10 (3-1).

02

Првиот дел беше еден борбен период со голема борба, голмански интервенции  и доста технички грешки на двете страни. Првата половина од првиот дел видовме само еден гол, нашите девојки на средината од првиот период водеа само со 1-0.  Потоа во вториот период успеаа да ја удвојат предноста и да поведат со 2-0, противникот го постигна почесниот гол за 2-1. Тоа беше прв воедно и последен нивни гол во првите 20.минути колку што трае полувреме во оваа пионеска категорија.  Ние до крајот успеавме да зголемиме на 3-1, резултат со кој се замина на пауза по ова крајно неефикасно прво полувреме.

01 00

Вториот дел беше далеку поефикасен, за разлика од првиот дел кога видовме четири гола сега видовме над дваесетина погодоци. Први со гол вториот перод го отворија нашите ривалки кои намалија на 3-2.  Нашите девојки заиграа онака како што знаат, во одбраната играа цврсто, во нападот казнуваа и со огромна серија  5-0 се одлепија на “плус шест“ односно поведоа со 8-2. Тука по оваа серија веќе се знаеше дека нашите дами итаат кон нов триумф во пионерската лига.  Противникот успеа само да парира во продолжение, намали минимално 12-8 пред почетокот на последните 6.минути од натпреварот. Тие побараа минута одмор со цел во финишот да успеаат да се доближат, сепак нашите девојки одиграа зрело. Во игра гол за гол во финишот не дозволивме да се загрозни нашето водство и  триумфиравме со 14-10  накрајот.

03

Кај нас најефикасна беше Ангелова Ива со 6 гола, четири погодоци имаше Пешиќ Мила, Коцева Борјана постигна 2 гола, а по еден имаа Коцева Бојана и Максимовса Наталија. Кај голманите: Мирчевска Ана  имаше 8 одбрани, а Леа Христова имаше 2 успешни интервенции.