Помладите пионери на ФК Вардар стигнаа до својата 12-та првенствена победа, откако денес на теренот на Академијата ја совладаа екипата на А.Пандев и тоа со голем резултатски пресврт. Иако струмичани имаа водство од 0:2, до крајот на мечот, Вардар постигна четири гола и славеше со резултат 4:2.
Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 1-сетмина: Величковски, Петејчук, Крстевски, Величковиќ, Асани, Гугуљанов, Стојановски, Трајановски, Речица, Салиу, Омерагиќ.
Во првите 15 минути видовме почетно испитување на силите, се играше борбено на секој дел од теренот и за секоја топка. Двете екипи никако не можеа да дојдат до прилика да се загрози голот. Сепак гостинскиот тим од Струмица прв успева да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, откако направи добра акција еден од играчите на Академија Пандев од левата стрна се ослободи од Величковски кој го напушти својот гол, додаде топка во нашиот шеснаесетник, таму еден сам од противничките играчи ја забива топката во нашата мрежа за отварање на резултатот. Не поминаа ниту две минути, кога следи нов студен “туш“ за Вардарци, кога Академија Пандев успева со удар од околу 25 метри по втор пат на мечот да го матира нашиот голман и да поведе со 0:2. Вардарци делуваа некако отсечено во својата игра, противникот добро ја прочитал нашата игра и од каде доѓаат најголемите опасности.
Сите топки упатени во нивната половина беа навремено расчистени и струмичани не дозволуваа акции пред нивниот гол. Академија Пандев имаше уште еден силен удар, кој заврши за малку покрај голот на Вардар. Конечно и црвено-црните со директен удар и тоа од прекин нафрлена топка, на која бие со глава Омерагиќ, но истата завршува во рацете на голманот. Резултатска симетрија на овој дуел успева да воспостави Фисник Салиу, кој директно бие од слободен удар и погодува во долниот лев голмански агол, за прв гол на овој меч за црвено-црните и за намалување на 1:2. До крајот на првото полувреме за одбележување е и ударот на Стојановски, кој завршува покрај голот на А.Пандев. По првите 40 минути резултатот е 1:2 за гостинската екипа.
На стартот на второто полувреме, тренерот Тодоровски направи дури четири измени, што на крајот се покажа како вистински потег. Во игра влегоа Фазлиу, Стојковски, Мирков и Хасани, додека играта ја напуштија Трајановски, Величковски, Стојановски и Салиу. Сосема поинаков Вардар гледавме во второто полувреме, кој речиси и да ја “уништи“ екипата од Струмица. На израмнувањето не се чекаше многу време и тоа само по пет минути игра во второто полувреме, кога нововлезениот Фазлиу Атом со лоб удар го совладува противничкиот чувар на мрежата, откако претходно со глава му асистираше Омерагиќ, што значеше израмнување на резултатот на 2:2.
Имаше веднаш после голот удар на противникот, но нововлезениот голман на Вардар, Лука Стојковски ја прибира топкта во своите раце. Вардар продолжи да напаѓа и беше решен да ги освои сите бодови на овој меч. Во шанси се најдоа Мирков и Речица кој шутира покрај голот на А.Пандев. Струмичани длабоко се повлекоа на својата половина, очигледно не можеа да го издржат силното темпо кое го наметнаа избраниците на популарниот “Рап-Тап“.
Петејчук прави продор од десната страна, се сам направи се ослободи од двајца противнички играчи и ја нафрли топката во противничкиот шеснаесетник, која најпрво стигна до Омерагиќ кој бие, голманот брани, но одбиената тошка стигна до Фазлиу, кој ја вметна во противничката мрежа, за прво водство на Вардар од 3:2. И покрај предноста на помислувавме да се повлечеме, напротив продолживме со атаци кон голот на гостинот. Омерагиќ имаше удар над голот, како и Хасани кој за малку шитира покрај гол. Измена нова во нашите редови, во игра влезе Костовски на местото на Речица. Се играше последната минута од мечот, кога печат на победата става Омерагиќ, кој со својот прв гол денес ги постави конените 4:2 на овој натпревар.
Ова беше вкупно 12 победа за помладите пионери на ФК Вардар, кои се повеќе се зацврстуваат на првото место на табелата. Тие се единствените кои се уште немаат пораз во оваа натпреварувачка сезона.