Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ТАБЕЛА: Вардар пропушти голема шанса со победа да се искачи на 4.место
ТАБЕЛА: Вардар пропушти голема шанса со победа да се искачи на 4.место

ТАБЕЛА: Вардар пропушти голема шанса со победа да се искачи на 4.место

Изминатиов викенд се одигра 8.коло во рамките на првата македонска фудбалска лига. Вардар испушти голема шанса со триумф да се искачи на 4.место на табелата.

Се до 94 минута ја имавме во раце победата, но поради авто гол на Чарлестон, екипата на Пелистер се избори за бод од дерби натпреварот кој се одигра во Битола. Единствениот гол за Вардар беше дело на Матеј Цветаноски, кој го погоди голот на Пелистер, после одлична асистенција од капитенот Мицевски.

Со овој освоен бод, Вардар остана на осмото место на табелата со вкупно 11 освени бодови, пропуштајќи голема шанса за три бода се искачи во горниот дел од табелата, односно на четвртото место.

Постигнатите резултати во ова осмо коло на ПМФЛ:

Шкендија – Силекс  1:1

Работнички – Академија Пандев  0:0

Шкупи – Борец  3:0

Македонија Ѓ.П – Струга Трим Лум  2:0

Беласица – Ренова  1:1

Пелистер – Вардар  1:1

Табелата после осум одиграни натпревари:

120850797_684055962206628_6375388144471040724_n

Во следното 9.коло, Вардар е домаќин на екипата на Шкендија.