Вардарци продолжуваат напорно да тренираат и да се подготвуваат за следните предизвици.
Без разлика што претходните два натпревари во Лигата на Шампионите беа одложени, црвено-црните ја темпираа формата и физичката подготовка.
Избраниците на Алушовски одиграа само еден натпревар во ЛШ, кога на стартот од сезоната беа поразени од Брест Мешков, додека следните два дуели со Елверум и Пик Сегед беа одложени.
На 10.октомври треба да стартува и новата сезона во СЕХА-лигата, додека следниот закажан меч за Вардар во ЛШ е на 15.октомври кога во Скопје треба да гостува Феленсбург.