Тимот на Вардар подготовките во новата календарска година ќе ги започне на 8-ми јануари. На 8-ми јануари понеделник, тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски ќе прозива во тренинг кампот на црвено – црните.
Предвидено е во својата база вардарци да тренираат околу 10-сетина дена, а потоа да се замине на главните подготовки во Анталија – Турција.
На првата прозивка во новата година се очекуваат и неколку нови лица. Засега официјализирани нови имиња нема, истите ги очекуваме до стартот на подготовките. Од друга страна пак, од Вардар досега си заминаа интернационалците Итало и Џигаури.