Перфектна и незаборавна година за екипата на РК Вардар која успеа да се освои се што можеше во 2017 година.
Да не беа поразите против Металург во домашното првенство, потоа од Барселона во полуфиналето на светското клупско првенство и оној против Брест Мешков во ЛШ, ова ќе беше историска година за спортот во светот, а Вардар сигурно ќе беше запишан како спортски колетив во светот кој успел да направи чудо, кој тешко дека некој го направил или во иднина може да го стори. Ова беа единствените порази за веќе актуелниот Европски шампион и освојувач на СЕХА-лигата, како и на домашното првенство и куп, како и на првиот супер куп во Македонија, за црвено-црните во годината која полека изминува.
Вардар има 16 последователни победи во СЕХА-лигата, од кои 11 во оваа натпреварувачка сезона и пет од претходната. Тогаш во 2017 година запишавме победи против Нексе, Извиѓач, Горење Велење, додека на завршниот турнир, најпрво во полуфиналето бевме убедливи против ППД Загреб, за во големото финале да го победиме тимот на Веспрем.
Во 2017 година иамме вкупно 16 победи во Лигата на Шампионите, само два нерешени резултати и тоа во најсилната група А во оваа натпреварувачка сезона и како што напоменавме само еден единствен пораз и тоа во рамките на претпоследното коло од групната фаза, кога мечот минатата сезона немаше резултатско значење, со оглед дека веќе го потврдивме директниот пласман во четврфиналето. По 0сум победи во најголемото натпреварување во 2017 година имаме од претходната и оваа тековна сезона во ЛШ. Така оваа година издвојувавме победи против тимот на ППД Загреб, кој беше прв триумф во 2017 година во ЛШ, потоа беа совладани и Пик Сегед, Целје и Кристијанштад. Во четвртфиналето, црвено-црните избраници на Гонзалес ги добија двата дуели против Фленсбург, додека на завршниот турнир во Келн пред Вардар “потклекнаа“ и големите ПСЖ И Барселона. Тоа значеше и историска прва Европска титула за Вардар во Лигата на Шампионите. Оваа сезона како што знаеме во годината која полека ќе ја оставиме зад нас, одигравме десет натпревари на кои имаме дури осум победи и само два нерешени резултати и ниту еден пораз, што говори за доминацијата на Вардар во оваа 2017 година.
Вардар имаше само еден пораз оваа година и во домашното првенство и националниот Куп, каде успеа да ги одбрани и обедини трофеите. И тука имавме само еден пораз и тоа во дуелот со екипата на Металург, која излезе како подобра на теренот во Автокоманда. Од тој меч црвено-црните веќе незнае за пораз, а тој неуспех им беше како голем мотив до крајот на сезоната да освојат дури четири трофеи, а првиот беше само неколку дена после овој пораз против градскиот ривал и тоа во СЕХА-лигата, кога Вардар стигна до својот трет трофеј во ова натпреварување, во кое е најтрофејната екипа, после кој следи Веспрем со два. Во супер лигата во 2017 година, Вардар имаше вкупно девет победи, исто колку и екипата на Металург, но поради, подобрата гол разлика во меѓусебните дуели, Вардар на крајот стана шампион на Македонија, тоа воедно беше и четвртата освоена титула во минатата сезона. Вториот пак трофеј беше во рамките на националниот куп, каде во големото финале на теренот на противникот го совладавме тимот на Еурофарм Работник. До оваа титула стигнавме претходно со две победи во четврфиналната група и оние две на Ф4, каде најпрво во 1/2 го победивме Металург.
Со четири трофеи ја завршивме натпреварувачката 2016/17 година, а моменталната 2017/18 ја започнавме со нов, вкупно петти трофеј во 2017 година. Тој беше во рамките на првиот Супер куп во историјата на македонскиот ракомет, кога во С.Ц. Јане Сандански го победивме тимот на Еурофарм Работник, со што станавме првиот освојувач на супер купот. Вардар сигурно дека беше еден од најдобрите, ако не и најдобар спортски колектив во Европа за 2017 година, кој направи “жетва“ на трофеи. Како резултат на овие успеси, Вардар ги собра и сите награди, Стојанче Стоилов е спортистот на град Скопје за 2017, Раул Гонзалес е најдобар тренер, Арпад Штербик најдобар странец. Признанијата стигнаа и од надвор, така Раул Гонзалес е најдобриот Европски тренер за 2017 година, додека Арпад Штербик е најдобриот голман и МВП за оваа година. Дали можевме да посакаме подобра од оваа година, која со златни букви ќе биде запишана во историјата на РК Вардар и спортот во Македонија, а ние можеме да посакаме исто така и успешна 2018 година, повторување на успесите и освојување на нови трофеи.