Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нашиот фудбалски шампион пристигна во “Бад Татцмансдорф„

Нашиот фудбалски шампион пристигна во “Бад Татцмансдорф„

Нашиот фудбалски шампион веќе се наоѓа во Бад Татцмансдорф (Австрија) каде во следните две недели ќе ги одбработи главниот дел од подготовките. Стручниот штаб и играчите ќе бидат сместени во хотелот “Авита“, а денес попладне се очекува да биде одработен и првиот тренениг.

Моментално на подготовките во Австрија се следниве играчи, меѓу нив и неколку од младинскиот погон:

ГОЛМАНИ: Филип Гачевски, Томе Пачовски, Бојан Тимевски.

ОДБРАНА: Бобан Грнчаров, Владица Брдаровски, Хофханес Хамбарџумјан, Евгениј Новак, Тодор Тодороски, Дарко Глишиќ.

СР. РЕД: Никола Глигоров, Стефан Спировски, Филип Стојчевски, Бесир Исени, Џамбул Џигаури, Хуан Фелипе.

НАПАД: Дејан Блажевски, Дамир Којашевиќ, Џонатан Боарето, Ацо Стојков, Бојан Колевски, Тигран Барсегјан.

Подоцна на екипата ќе се приклучат и младинските репрезентативци кои моментално се наоѓаат на ЕП во Полска: Тоа се Петар Петковски, Бобан Николов, Дарко Велковски, Бесир Демири, Игор Алексовски и Висар Муслиу.