Во текот на вчерашниот ден се одиграа натпревари во рамките на квалификациите, за пласман на ЕП, кое следната година ќе се игра во Хрватска.
Вуко Борозан со Црна Гора успеа да обезбеди пласман на европското првенство во Хрватска, откако успеаа да одиграат со нерешен резултат на гостувањето во Русија.
Иако во најголем дел од мечот, Русија имаше водство сепак на крајот дојде до поделба на бодовите. Пред овој натпревар, на Црна Гора и беше доволен и еден бод, додека Русија мораше да оди на победа, доколку сакаше да се пласира на ЕП. На натпревар со две различни полувремиња, на крајот се радуваше селекцијата на Црна Гора. Во првото полувреме многу грешки во играта на избраниците на Драган Џукиќ, избрзани удари и промашени зицери, додека на нивниот најдобар играч се играше фластер. Тргна Русија со водство од 6:2, за гостиннската репрезентација да врати со три голови во серија и да го намали резултатот на 6:5. Сепак до крајот на првиот дел, избраниците на Торгованов успеваат да стигнат до највисоки пет гола разлика, или резултат од 16:11 на полувреме.
Сепак во второто полувреме поинаква слика на теренот. Се распука Вуко Борозан, додека на голот одличен беше и Раде Мијатовиќ.На десет минути пред крајот, Русија имаше значајно водство од 24:21, но Црна Гора успева да направи серија од 3:0 и да го израмни резултатот на 24:24. Во последните минути од дуелот, избраниците на Драган Ѓукиќ во два наврати имаа предност од еден гол. Русија го постигна последниот гол на мечот, за израмнување на 27:27, резултат кој се покажа како конечен на крајот од натпреварот. Во оваа група со 10 бодови,како првопласирана заврши селекцијата на Шведска, додека втора е Црна Гора, кои се пласираа на ЕП во Хрватска.
Русија на овој натпревар настапи без најдобрите. Дел од екипата не беа Дибиров, Горбок, Деревен и Атман. Кај Црна Гора, вообичаено најефикасен беше Вуко Борозан со 7 голови, додека во составот беше уште еден играч на Вардар од редовите на Русија.Се работи за Данил Шишкарев кој не успеа да постигне гол.
Шпанија го заврши овој квалификациски циклус со максимален број на освоени бодови, забележувајќи ја шесттата победа. Избраниците на Рибера на домашен терен немаа поголеми проблеми во дуелот со Финска, која ја совладаа убедливо со 46:16. Уште од стартот се виде победникот на овој меч, кога фуријата имаше водство од 8:1.Како одминуваше првото полувреме, водството се повеќе растеше, а набргу стигна и до двоцифрена разлика (13:3). По истекот на првите 30 минути, Шпанија имаше предност од 27:9. Доминација на Шпанија и во второто полувреме, за на крајот да стигне до убедлив триумф.
Во составот на Шпанија за овој натпревар беа Вардарците, Алекс Душебаев кој постигна пет гола, додека еден погодок забележа и Жоан Кањелас. Шпанија како прва со 12 и Австрија како втора со 6 бодови се пласираа на ЕП.