Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Петарда“ за Работнички, Вардаровата генерација “2003“ им одржа фудбалска лекција на својот градски ривал
“Петарда“ за Работнички, Вардаровата генерација “2003“ им одржа фудбалска лекција на својот градски ривал

“Петарда“ за Работнички, Вардаровата генерација “2003“ им одржа фудбалска лекција на својот градски ривал

Иако требаше да биде дерби, дуелот помеѓу Работнички и Вардар, кај генерацијата родени “2003“ година тоа не се случи, па избраниците на Горан Петрески им одржаа вистинска лекција на својот градски ривал и конкурент за титулата, забележувајќи победа со резултат од 0:5.

Тренерот Петрески стартуваше со следиве 11-сетмина: Стојковски, Ѓорѓоски, Сељанац, Трпезановски, Марковски, Стојановски, Давидовски (c), Прелоговски, Мирков, Андрески, Хасани.

1

За разлика од првиот натпревар одигран во првиот круг, на теренот на Академијата, денес избраниците на “Чунга Лунга“ имаа фуриозен старт на натпреварот и покажаа дека бодовите ќе завршата на нивното салдо. Се играше првата минута од мечот, кога Вардар успева преку денес одличниот Лео Андрески да ја погоди мрежата на Работнички и да го отвори резултатот на 1:0.

5

Постојано притискавме на половината на противникот, не дозволувајќи на домашниот тим да создава акции, напротив Вардар беше тој кој го диктираше темпото на играта и знаеше што сака на овој меч. Конфузија во одбраната на противникот ги чини нов гол во нивната мрежа, откако Антонио Мирков одзема една топка, можеше и самиот да реализира, но Мирков “несебично“ додава до Прелоговски, кој од само неколку метри го совладува голманот на Работнички, за веќе предност и од 0:2. Доминаравме во секој дел на теренот, а можевме набрзина да го зголемиме водството, доколку лоб ударот на Андрески завршеше прецизно.

8

Сепак на среќа на домашниот тим тоа не се случи, па остана истиот резултат. Најубавиот гол на денешниот меч го постигнува стоперот на Вардар, Филип Ѓорѓоски, кој на нафрлена топка од корнер на Мирков, од прва бие со лева нога, а топката заврши во голот на противникот, за веќе убедливи 0:3 на мечот. До крајот на првиот дел не видовме некоја посериозна прилика, па првите 40 минути завршуваат со резултат 0:3.

3

Вардар беше подобрата екипа на теренот и во второто полувреме, кога не му дозволи на Работнички многу да се изнаигра. Ова беше можеби најдобриот натпревар кој го одигра оваа генерација на Вардар под водство на новиот тренер. Петрески во новата сезона. За да биде победата уште победлива се погрижија црвено-црните, кои постигнаа уште два гола во мрежата на домаќинот. Најпрво на 0:4 зголеми Влатко Стојановски, за конечните 0:5 на овој натпревар да ги постави нововлезениот Марио Петрушевски.

9

Во игра во вториот дел влегоа Дарио Јовановски, Марио Петрушевски, Димче Мешковски, Бојан Петковски,Благоја Јаневски и Петре Тасевски. Се очекуваше денес да видиме поголем отпор на противникот, кој извлече нерешен резултат (1:1) на првиот натпревар одигран на теренот на Вардар. Сепак тоа не се случи, па Вардар со голема победа си замина од теренот на Алумина.

7