Од вчера официјалниот сајт на нашиот црвено – црн шампион fkvardar.mk има “ново руво“.
Истиот е со сосема нов дизајн, со збогатени содржини за фановите и навивачите на ФК Вардар кои ќе може да се информираат за случувањата во и околу нашиот љубимец. Им го честитаме новиот дизајн, а собено нас како редакција на Вардар Фанс кој ги подржуваме и промовираме младите фудбалски категории, не радува што конечно и на официјалниот сајт добива свое место во посебна категорија. Единствено необично е насловот на категоријата, “ретро“ поимот подмладок. За крај им посакуваме успешна работа.