Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Прилепчанецот Спиркоски ќе го суди мечот Пелистер-Вардар кој се игра во Прилеп
Прилепчанецот Спиркоски ќе го суди мечот Пелистер-Вардар кој  се игра во Прилеп

Прилепчанецот Спиркоски ќе го суди мечот Пелистер-Вардар кој се игра во Прилеп

За реванш дуелот во 1/8финалето од купот на Македонија помеѓу второлигашот ФК Пелистер и црвено- црните кој ќе се одигра утре во Прилеп  фудбалската федерација на земјава го делегираше за главен судија прилепчанецот Спиркоски Горан.

За негови помошници делегирани се неговите сограѓани Костоски Зоран ,Смилкоски Марјан и Велевачкоска Ирена (четврти судија). Единствено до стадионот “Гоце Делчев“ подолго патување ќе има охриѓанецот Ивановски Тони  кој е делегат на ова македонско дерби. Дуелот е закажан од 14 часот и 30 минути и од истиот ќе може да следите директен пренос преку видео стрим. На првиот дуел во Скопје ФК Вардар однесе убедлива победа од 4-1 (3-0).