Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Прва победа за кадетите на Рк Вардар во првенството
Прва победа за кадетите на Рк Вардар во првенството

Прва победа за кадетите на Рк Вардар во првенството

Кадетите на Рк Вардар предводени од тренерот Чивлачки ја забележаа првата победа во првенството. Во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, црвен0-црните беа подобри од екипата на Радовиш. Конечниот резултат гласеше 32:23.

На овој меч видовме две различни полувремиња. Во првото, противникот беше тој кој имаше постојана предност и го контролираше резултатот. Во 23 минута се случи првото израмнување, кога резултатот на семафарот беше 8:8. До крајот на првиот дел, гостите повторно поведоа и заминаа со водство од 10:12.

Во второто полувреме видовме поинаков Вардар, следеше многу подобра игра на нашите млади надежи. Во 36 минута за прв пат на овој дуел поведовме со 14:13. Од тие моменти имавме постојана предност, која растеше како поминува натпреварот. Радовиш се закани со намалување на водството, стигнувајќи на 21:20. До крајот триумфот беше изразен со голема разлика, на пет минути пред крај резултатот беше 26:23. Од тие моменти Вардарци не примија ниту еден погодок, а постигнаа шест. Конечниот резултат гласеше 32:23.

Во екипата на Вардар највеќе се истакна Мартин Карапалевски кој постигна дури 9 голови. Благоја Антевски имаше 7 и Тони Атанасовски 6 погодоци.

Рк Вардар: Кизиќ, Брунчевиќ, Каранфиловски, Николовски, Атанасовски 6, Тевдовски, Карапалевски 9, Антевски 7, Нанов 4, Биковски 1, Ќосевски, Благопетров, Ангелковски 1, Мајсторовски 2, Динев, Гроздановски 1.