Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Раул: Очигледно е дека моите играчи се уморни – Вујовиќ- Мечот дојде во тежок момент за Вардар
Раул: Очигледно е дека моите играчи се уморни – Вујовиќ- Мечот дојде во тежок момент за Вардар

Раул: Очигледно е дека моите играчи се уморни – Вујовиќ- Мечот дојде во тежок момент за Вардар

По завршување на вчерашниот дуел во регионалното натпреварување на прес-конференцијата присуствуваше тренер на Вардар Раул Гонзалес и хрватот Карачиќ. Вардарци за жал на дуелот со домаќинот ППД Загреб го доживеаа првиот пораз во СЕХА-регионалната лига за оваа 2015/16 натпреварувачка сезона. Во изјавите пренесени од клубскиот сајт нашите момци го изјавија следново :

-Загреб одигра фантастичен меч, како и многу други оваа сезона. Се обидовме да одмориме неколку играчи и да им дадеме шанса на оние кои не играат толку многу. Нашите играчи, очигледно, се уморни, но во првото полувреме повеќе или помалку функциониравме добро, беше блиску. Во второто полувреме имавме чувство дека нема да издржиме до крајот, беше очигледно дека ни недостига сила во тие моменти и на крај не можевме да избегнеме пораз, изјави по дуелот Раул Гонзалес

Централниот бек на црвено – црните, еден од најдобрите поединци во двата дуела викендов Игор Карачиќ се осврна на тешкиот викенд за вардарци и големиот број на неочекувани проблеми за тимот, тој вели :

-Загреб одигра квалитетен меч. Гледав некои од нивните натпревари оваа сезона, играат навистина добро и им посакувам сѐ најдобро. Зад нас е тежок викенд, не сакам да барам алиби, но многу лоши работи ни се случија во последно време. Сега се враќаме дома и ќе се подготвуваме за дуелот против Кјелце, за да го задржиме првото место во групата Б од Лигата на шампионите, изјави Карачиќ

Свое видување за дуелот во регионалната лига имаше и екс- тренерот на црвено- црните, сегашниот кормилар на загребчани Веселин Вујовиќ :

-Јасно е дека овој меч дојде во тежок момент за Вардар. Јасно е дека тие не се најдобро подготвени во моментов и сигурен сум дека ќе бидат на потребното ниво, тогаш кога ќе биде потребно, на крајот од оваа сезона. Тешко е да се биде подготвен во секое време, но можам да речам дека одигравме генерално добро, со неколку грешки, но тоа е тоа. Сега се насочуваме кон Лигата на шампионите- изјави Вујо.