Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре одиме на дуел во Прилеп, против Пелистер
Утре одиме на дуел во Прилеп, против Пелистер

Утре одиме на дуел во Прилеп, против Пелистер

Нема одмор за црвено – црните момци. Утре избраниците на Седлоски ќе го одиграат возвратниот натпревар од 1/8 финалето во купот на Македонја. Како што е добро познато на првиот дуел пред три седмици нашиот тим убедливо го доби второлигашот од Битола со 4-1.

На утрешниот натпревар Седлоски ќе направи многу измени во ростерот на тимот. Во стартниот состав речиси сите играчи ќе бидат заменети во однос на стартерите против Слога во неделата. ФК Вардар има голем ростер на играчи, кои може да одговорат добро на секој натпревар на предизвикот. Се очекува Вардарци лесно да дојдат до 1/4 финалето во купот.

Фото: fkvardar.mk