Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) од значајната победа на Вардар со Слога!
(ВИДЕО) од значајната победа на  Вардар со Слога!

(ВИДЕО) од значајната победа на Вардар со Слога!

Црвено – црните го вратија врвот во првата македонска лига со победата на жешкиот терен во Чаир. Нашите момци убедливо со 0-3 го совладаа тимот на Слога во дуелот од 10-то коло. За Вардар во првиот дел стрелаа:  Ивановски во 8 минута и Блажевски во 34 минута, а во вториот дел победата ја потврди  Спировски со гол во 90 минута од мечот. За нашиот шампион на овој дуел настапија следните играчи: Пачовски, Попов, Мијушковиќ, Грнчаров, Блажевски, Дашјан, Велковски, Глигоров, Ивановски, Фелипе, Брдаровски, а од клупата за резерви влегоа Стојков, Љамчевски и Спировски

Избраниците на Седлоски ги чека напорна недела по триунфот со Слога веќе утре гостуваат кај второлигашот ФК Пелистер во Прилиеп, а во недела на Националната арена Филип втори ја пречекуваат екипата на единствениот конкурент за титулата Шкендија од Тетово. Видеото од дуелот одигран во  скопската населба Чаир може да погледнете -ТУКА