Вчера во просториите на Фудбалската федерација на Македонија имаше ждрепка за полуфиналните двојки во Купот на Република Македонија. ФФМ ги одреди нашите противници во младинска, кадетска и пионерска категорија, во категоријата помлади пионери испаднавме претходно и не земавме учество во ждребот.
Кај младинците, избраниците на Љупчо Марковски-Калц ќе игра против Академија Панде екипа против која лани го освоија пехарот во истото натпреварување. Во другиот дуел се сретнуваат Работнички и Милано. Кај кадетите момците на Колев Влатко ќе играат со истиот противник како и постарите колеги. Во другиот полуфинален дуел Работнички ќе се сретне со струмичка ФК Беласица. Во пионерската конкуренција нашиот состав кој е двоен шампион од изминатата сезона ќе игра со прилепска Победа. Во другиот дуел ждрепката сакаше да се формира следниот пар: Гостивар – Работнички. Во младинските категории првите натпревари од Купот се играат на 26-ти април, а реваншите се на 4-ти мај.