Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат составот на РК Вардар за дуелот со Брест Мешков
Познат составот на РК Вардар за дуелот со Брест Мешков

Познат составот на РК Вардар за дуелот со Брест Мешков

Денес со почеток од 17:30 часот, екипата на РК Вардар ќе го одигра претпоследниот натпревар во групната фаза од лигата на шампионите. Нашиот состав ќе гостува во Белорусија на екипата на Брест Мешков. Со победа на овој меч, црвено-црните и теоретски на едно коло пред крајот ќе обезбедат пласман во четвртфиналето од ЛШ. Тренерот Гонзалес веќе ги објави 16-те ракометари на кои ќе смета за денешниот натпревар.

Составот на Вардар за овој натпревар: Штербик, Ангелов, Дибиров, Борозан, Шишкарев, Чупиќ, Деревен, Кањелас, Стоилов, Недановски, Марсениќ, Циндриќ, Карачиќ, Абутовиќ, Македа, Душебаев.

Дуелот Брес Мешков-Вардар со директен пренос на МРТ-1.