Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Серафимов: Им посакувам среќа и успеси на моите соиграчи во натпреварите и предизвиците што им претстојат
Серафимов: Им посакувам среќа и успеси на моите соиграчи во натпреварите и предизвиците што им претстојат

Серафимов: Им посакувам среќа и успеси на моите соиграчи во натпреварите и предизвиците што им претстојат

Никола Серафимов на својот Фејсбук профил се збогуваше од како што вели својот Вардар. Никола 13 години беше дел од нашиот тим, а си замина на само шест месеци од можноста да го подигне трофејот со Вардар. Како што вели младиот стопер, од Вардар заминува со посебен респект затоа што ова е за него прва и најголема љубов.

Jа имав  честа 13 години да тренирам, да учам, да се развивам носејки го дресот на најголемиот и најтрофеен македонски фудбалски клуб. Сакам да се заблагодарам на ФК Вардар за соработката, шансите, знаењето и искуството што ми овозможи да ги стекнам. Одговорноста  да се носи црвено црниот дрес е голема, и за мене се од непроценливо значење сите одиграни натпревари во кои што секогаш го давав максимумот за да ги одбранам боите на мојот клуб. Големо благодарам до сите тренери, соиграчи, навивачи и пријатели за несебичната поддршка и соработка. Им посакувам среќа и успеси на моите соиграчи во натпреварите и предизвиците што им претстојат. Од Вардар заминувам со посебен респект, зошто овој клуб е мојата прва и најголема фудбалска љубов” , напиша Серафимов.