Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар – Хајдук, утре од 15 часот!
Вардар – Хајдук, утре од 15 часот!

Вардар – Хајдук, утре од 15 часот!

Фудбалерите на Вардар утре ќе го имаат првиот контролен дуел на зимските подготовки во Анталија.

Момците на Васоски утре ќе ги одмерат фудбалските сили со тимот на Хајдук од Хрватска, кој е во полна натпреварувачка форма и веќе има одиграно неколку тестови во Анталија, а последниот го доби убедливо со 5:0 над Хонвед.

Убава можност да се види Вардар по пауза од повеќе од еден месец. Најавен е видео стрим од овој дуел.

Натпреварот започнува со почеток од 15.00 часот по македонско време.