Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор се уште има теоретски шанси за плеј-оф, познат распоредот за последните четири кола во регуларниот дел
Вардар Јуниор се уште има теоретски шанси за плеј-оф, познат распоредот за последните четири кола во регуларниот дел

Вардар Јуниор се уште има теоретски шанси за плеј-оф, познат распоредот за последните четири кола во регуларниот дел

Од регуларниот дел на машката ракометна супер лига останува да се доиграат уште четири кола, по што ќе бидат познати екипите кои ќе продолжат во плеј-оф, односно плеј-аут разигрувањето.

Пролетниот дел е предвиден да стартува на први март, а Вардар Јуниор на домашен терен го пречекува тимот на Металург 2.

01/03 Вардар Јуниор – Металург 2

07/03 Пролет 62 – Вардар Јуниор

11/03 Вардар Јуниор – Работнички

14/03 Пелистер – Вардар Јуниор

За Вардар Јуниор се уште постојат теоретски шанси да обезбеди место во плеј-офот, со оглед дека заостанува само четири бода зад екипата на Радовиш, која се наоѓа на 5.место. Во последните четири кола, Радовиш треба да одигра два домашни дуели против екипите на Пролет и Пелистер, додека гостува кај екипите на Работнички и Металург.

Оваа мисија ќе биде тешка, но не и неостварлива за момците на Стојан Петрушевски, кои во пролетниот дел ќе влезат значително поослабени