Момците на Радуловиќ, со одличната игра во последниот период дојдоа до победа над е МЗТ Скопје УНИ БАНКА. КК Вардар пролетната полусезона ја отвори со триумф со резултат 82-77.
Во дербито на дното од табелата во Првата Лига, ривалот отвори подобро на стартот и поведе со 2-9 по неколку минути кошарка во „Кале“. Црвено-црните по крајот на првите 10.минути водеа минимално, 16-15. На одмор заминавме со предност од пет коша, но следеше лоша третта четвртина. Гостите одиграа одлично во третиот дел кој го добија со одлични 28-19. Моравме да се вадиме, заигравме подобро и со резултат 27-18 во последната четвртина, нашиот тим дојде до втората победа сезонава.