Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги заврши настапите на ЕП во Полска. Момците на Милевски вчера беа поразени од Португалија со резултат 4:2.
На овој натпревар двајца играчи од редовите на Вардар настапија. Бобан Николов започна и го одигра целиот натпревар, додека пак Муслиу влезе во игра во 28. минута од мечот на местото на Радески. Игор Алексовски, Бесир Демири, Дарко Велковски и Петар Петковски останаа на клупата за резерви.
Шестмината вардарци се очекува утре или задутре да пристигнат во Австрија и да им се приклучат на своите колеги.