Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес во дуел со Вујовиќ, Борозан и со познатиот “менталитет“ на Германците
Гонзалес во дуел со Вујовиќ, Борозан и со познатиот “менталитет“ на Германците

Гонзалес во дуел со Вујовиќ, Борозан и со познатиот “менталитет“ на Германците

Тешки противници доби ракометната репрезентација на Македонија, на ЕП кое следната година ќе се одигра во Хрватска. Актуелниот Европски шампион, Германија, потоа бронзената репрезентација на Словенија од последното светско првенство, како и Црна Гора се противниците на Македонија, во групата Ц од ЕП.

Интересно ќе биде соочувањето на Гонзалес, моменталниот и Вујовиќ, кој е поранешен тренер на Вардар. Веселин Вујовиќ кој е селектор на Словенија, успеа да направи голем успех со оваа репрезентација на последниот мундијал кој се играше во Франција, каде неговите избраници го освоија бронзениот медал. Гонзалес пак на кормилото на Македонија има забележано две победи, еден нерешен резултат и еден пораз и беше првиот селектор кој успеал да ја пласира Македонија на првото место, во еден квалификациски циклус на натпревари. Не треба да се трошат многу зборови за Шпанскиот стручњак, кој успеа со Вардар да освои четири трофеи во сезоната која помина и да стане шампион на Европа.

Црна Гора од клупата ја предводи Драган Ѓукиќ, кој исто така е поранешен тренер на Вардар, но и на Македонската репрезентација. Убедливо лидер на оваа селекција е Вуко Борозан, кој настапува за екипата на Вардар.

Германија ќе биде третиот противник за нашата репрезентација на ЕП во Хрватска. Се работи за актуелен европски шампион, земја каде се игра најсилната бундес лига во светот. На последното светско првенство, Германија беше елиминирана во четврфиналето од селекцијата на Катар. Има промена на селекторското место кај оваа селекција, која на ЕП ќе биде предводена од Кристијан Прокоп, кој на клупата го замени. Раул Гонзалес знае како да игра со Германците, од настапите во лигата на шампионите со екипата на Вардар. Многу добро го познава нивниот менталитет и начин на игра, па сигурни сме дека добро ќе ја подготви Македонија во пресрет на тој натпревар.

На првиот натпревар, кој ќе одиграме на 13-ти јануари следната година, ќе се сретнеме со селекцијата на Словенија. Два дена подоцна за противник ја имаме Црна Гора, додека групната фаза ќе ја финишираме со натпревар против Германија, дуел закажан за на 17-ти јануари.