Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Бобан Николов: Ќе дадеме се од себе да стигнеме што подалеку во европските натпреварувања и да ги израдуваме нашите навивачи
Бобан Николов: Ќе дадеме се од себе да стигнеме што подалеку во европските натпреварувања и да ги израдуваме нашите навивачи

Бобан Николов: Ќе дадеме се од себе да стигнеме што подалеку во европските натпреварувања и да ги израдуваме нашите навивачи

Фудбалскиот клуб на Вардар втора последователна година ја освојува титулата во домашното првенство, што е вкупно десетта во историјата на клубот. Црвено-црните завршија први на табелата со вкупно освоени 80 бодови, пет повеќе од второпласираниот тим на Шкендија, со што поставија нов државен рекорд во најмногу освоени бодови во тек на една натпреварувачка сезона. Имавме можност и за двојна круна, но во четвртфиналето на купот бевме елиминирани од нашиот најголем конкурент оваа сезона. Еден од играчите, во кои шефот на стручниот штаб имаше најмногу доверба на теренот, беше младинскиот и сениорски репрезентативец Бобан Николов, кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од изминатата сезона и освојувањето на шампионската титула.

-Мислам дека имавме успешна натпреварувачка сезона. Иако не го освоивме купот, кој многу го посакувавме знаеме сите како поминаа тие натпревари, пред се првиот на Чаир кога ни беа доделени два црвени картони, според мене непостоечки. Сепак тоа помина и нема да се враќаме назад. Ме радува тоа што поставивме рекорд и што ја освоивме јубилејната десетта титула. Посебно сум задоволен од моето залагање на теренот и игрите кои ги пружив во текот на целата сезона. Многу ја посакував оваа титула, не само јас туку и сите мои соиграчи и мислам дека тоа се виде и на теренот на сите натпревари.

Ќе нема многу одмор за избраниците на Гоце Седлоски, кои ќе треба да ги започнат подготовките за квалификационите натпревари во лигата на шампионите. Минатата сезона, малку фалеше да го елиминираме Апоел од Никозија. Сега сите се надеваме дека првата пречка ќе биде помината.

Сега знаеме што не очекува, можеби она најважното е пред нас. Ќе дадеме се од себе да стигнеме што подалеку во европските натпреварувања и да ги израдуваме нашите навивачи и целокупната Македонска јавност. Имаме околу две недели  за одмор, а потоа максимално ќе се фокусираме на предизвиците што ни претстојат во Европа, изјави Николов за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски