Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Распоред на натпревари за завршниот турнир во детската лига
Распоред на натпревари за завршниот турнир во детската лига

Распоред на натпревари за завршниот турнир во детската лига

Полека се ближи крајот на натпреварувачката сезона во детската лига. Во недела и вторник ќе биде одигран завршниот турнир во оваа лига. Вкупно седум Вардарови екипи, од шест возрасни генерации ќе се борат за првото место во своите категории.

Во недела ќе бидат одиграни четвртфиналните и полуфиналните натпревари, додека вторник ќе биде резервиран за финалните мечеви кај сите генерации, родени “2002“, “2003“, “2004“, “2005“, “2006“ и “2007“ година. Нашите млади надежи во сите генерации успеа да обезбедат учество на завршниот турнир, а кај генерација “2004“ двете екипи на Филип Арсовски ќе ја имаат можноста да се борат за првото место.

Ви го презентираме распоредот на одигрување на четвртфиналните и евентуалните полуфинални дуели за екипите на Вардар.

Генерација “2002“:

Вардар – Брегалница  14:00  1/4  ( можно 1/2 со победникот од дуелот Гостивар – Пелистер од 18:30 часот).

Генерација “2003“

Вардар – Постолов Пандев  12:00  ( можно 1/2 со победникот од мечот Шкендија – Талент 2010  од 14 часот).

Генерација “2004“

Вардар (2) – А. Пандев  11:00    ( можно полуфинале со победникот од мечот Фудбал Старс – Дарденет  од 15 часот).

Вардар (1) – Велешта  12:00    ( можно полуфинале со победникот од мечот Пелистер – Брегалница  од 15 часот).

Генерација “2005“

Вардар – А. Пандев  14:00   ( можно полуфинале со победникот од мечот Ренова – Прилеп од 16:00 часот).

Генерација “2006“

Вардар – Шкендија  11:00  ( можно полуфинале со победникот од мечот Албарса- Постолов Пандев од 15 часот).

Генерација “2007“

Вардар -Топ Гол  13:00   ( можно полуфинале со победникот од мечот Фер Плеј – Јакупица  од 16:00)