Денеска во СЦ. ”Јане Сандански” се одигра првиот натпревар од седмото коло во ракометната Супер лига на Македонија. Нашите црвено – црни момци доминантно го одиграа натпреварот против РК Работнички победувајќи го со 39-21 (22-12). Ова беше седма победа, од исто толку натпревари за нашите играчи.
Само на почетокот од мечот се играше изедначен натпревар, по десеттата минута Вардарци воспоставија одлична игра и континуирано си ја зголемуваа предноста. Имавме водство од 11-4 на средина на првиот дел, а потоа уште повеќе ја зголемувавме предност се до крајот на првиот дел. На крајот на првиот дел нашиот тим имаше сигурно и недостижно водство од 22-12.
Во втиориот дел Вардарци одигра уште по убав ракомет, а предноста од десет голови предност од полувремето се повеќе, и повеќе растеше. Некаде околу 45 минута имавме предност од 27-16, потоа разликата уште повеќе порасна со три голови во серија за нашиот тим. Во последните десет минути влеговме со предност од 33-18, за на крај, оваа разлика да изнесува високи 39-21. Ова беше нова. седма победа за нашиот тим во низа.
Најефикасни кај нас беа: Шишкарев и Душебаев со 8, Циндриќ постигна 5, додека пак Дибиров, Стоилов и Карачиќ погодија по три пати.