Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Николов: Не смееме веќе да си дозволиме грешка, утре одиме на победа
Николов: Не смееме веќе да си дозволиме грешка, утре одиме на победа

Николов: Не смееме веќе да си дозволиме грешка, утре одиме на победа

Нема многу одмор за нашиот фудбалски шампион, кој утре ќе го одигра градското дерби против екипата на Работнички. Вардар е условно гостин на овој дуел, кој ќе се одигра на арената “Филип Втори“. После неочекуваниот пораз од Победа, црвено-црните мора да одат на триумф и се освен освојување на три бода ќе биде неуспех за избраниците на Чеде Јаневски. За официјалната страна на клубот, повратникот во екипата Бобан Николов истакна дека тимот нема повеќе право на грешка.

-Пред нас имаме дерби и не смееме веќе да си дозволиме грешка. Одиме како и на секој натпревар да ги освоиме бодовите од овој дуел и да победиме. Го загубивме натпреварот со Победа, но имаме шанса веќе утре да се вратиме на победничките патеки. Треба на секој натпревар да размислуваме на три бода. Верувам дека ќе успееме да ги освоиме бодовите, и така најбрзо да го заборавиме натпреварот со Победа. Треба сите да дадеме максимум. Ова е дерби во кое се е можно. Имаме желба и мотиви да дојдеме до триумф на овој натпревар, и да почнеме една нова победничка низа во првенството, истакна Николов.