Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Прилеп му го нанесе петтиот пораз на Вардар Јуниор во супер лигата
Прилеп му го нанесе петтиот пораз на Вардар Јуниор во супер лигата

Прилеп му го нанесе петтиот пораз на Вардар Јуниор во супер лигата

Екипата на Вардар Јуниор го претрпе својот петти пораз оваа сезона во супер лигата, откако попладнево на Кале беа поразени од екипата на Прилеп. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 17:25.

Гостинската екипа постојано имаше водство и контрола на резултатот, а избраниците на Стојан Петрушевски на два пати и тоа во првите минути го израмнуваа резултатот, за противникот да постигне три гола во серија и веднаш на стартот да се одлепи со водство од 2:5. До крајот на првото полувреме, Прилеп ја задржа предноста, а највисоката која ја достигна беше пет голови разлика. На одмор се замина со резултат од 8:12.

vardarfans-junior

Младите Вардарци имаа сили да пружат отпор во првите десет минути од вториот дел кога намалија на три гола негатива, кои во тој момент изгледаа достижни за нашиот состав. Сепак грешките во нападот не ни дозволуваа да направиме нешто повеќе, а истовреме но му дозволивме на Прилеп да направи голема серија од 0:4 и да поведе со највисоки 13:20, на десет минути до крајот, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар. До крајот остана предност во корист на гостите, кои заслужено славеа со резултат 17:25.

Најефикасен во нашиот состав беа бековите Мишевски и Крстевски, кои постигнаа 4 односно 3 голови.

РК Вардар Јуниор: Кизиќ, Димов 2, Чакалиќ 1, Крстевски 3, Мишевски 4, Димитров 1, Владимиров, М.Кизиќ, Атанасовски, Петковски, Николовски 2, Димитровски 2, Кукуловски 2, Стојменов, Атанасовски, Цветаноски.