Помладите пионери на ФК Вардар продолжуваат со подоготвки пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Оваа генерација започна со тренинзи на новиот спортски комплекс во населбата Хиподром, од каде продолжи на неколкудневни подготвки во Дојран. До овој период одиграа неколку контролни натпревари, на кои ги победуваа своите противници најавувајќи дека се наоѓаат во одлична форма пред најважните предизвици.
-Подготовките за оваа сезона ни започнаа на почетокот на месец јануари. Iмавме интензивни тренинзи и ја искористивме можноста да тренираме на новиот камп на ФК “Вардар”, со оглед на отсуствотото на првата екипа. Бевме на припреми во Дојран, каде наш приоритет секако беа напорните тренинзи, а воедно и одигравме неколку пријателски натпревари. Сметам дека сме спремни за претстојната полусезона, и очекуваме да се задржиме на врвот исто како и минатата.
Полека се ближи стартот на пролетниот дел од сезоната. По завршување на првиот дел, нашите надежи се наожаат на првото место, со четири бода предност пред прво и второпласираните екипи на Работнички и Шкеднија. Толку Работнички е наш прв противник во првото пролетно коло.
-Предноста од 4 бода и освоеното прво место во однос на конкурентите од изминатата полусезона ни дава мотив повеќе да го задржиме првото местото и да ја зголемиме бодовната разлика пред конкурентите. Натпреварот со Работнички е од големо значење за нас, бидејќи се игра во првото коло и доколку извојуваме победа, би останале на врвот.
Помладите пионери во средата отпатуваа за Софија, каде одиграа пријателски натпревар со екипата на Левски. Црвено-црните успеаа со добра игра во второто полувреме да направат реултатски пресврт и да го добијат мечот со конечни 2:1.
-Чувството е прекрасно кога ќе се триумфира на еден силен меѓународен, пријателски натпревар. Со оглед на тоа што знаевме дека се работи за екипа која високо котира во соседна Бугарија, покажавме дека како генерација на чело со нашиот тренер дека поседуваме голем потенцијал и квалитет да се надигруваме со големите тимови од регионот. Иако на полувремето резултатот беше во корист на домаќинот, во второто полувреме успеав во првите 15 минути да асистирам, со што се постигна и првиот гол, кој означуваше изедначување на резултатот, а кратко потоа следеше уште еден гол со кој нашата екипа успеа да триумфира на мечот.
Предводник на оваа генерација е поранешниот играч на Фк Вардар, Сашо Јанев кој има забележителна улога во добрите резултати на својот тим.
Сакам да изразам благордарност до сите луѓе во клубот, посебно до нашиот тренер Сашо Јанев кој со својата несебична подршка има големи заслуги за нашите резултати, изјави Матеј Николов за нашиот сајт.
Звонко Ивановски