Екипата на Вардар Јуниор веќе направи голем чекор кон историскиот пласман во 1/2-финалето на Челинџ купот. Девојките предводени од Симе Симовски со предност од 3 гола ќе патуваат на реваншот во Украина, на кој ќе се обидат да ја елиминираа екипата на Карпати. Првиот дуел заврши со резултат на 22:19, за младите вардарки.
За реванш мечот со украинките кој се игра на 28 февруари во недела во 17-00 часот, европската куќа на ракометот делегираше судиска двојка која доаѓа од нашиот источен сосед Република Бугарија. Марковска Силвија и Јанко Вутов ќе ја делат ракометната правда на овој челинџ дуел. За ЕХФ делегат на овој реванш натпреварот од 1/4-финалето е делегиран Петер Елес, кои дaоѓа од Унгарија.