Македонскиот репрезентативец Бобан Николов вчера и официјално беше претставен како нов играч на унгарски Видеотон.
Николов во Вардар дојде во 2015 година, со добрите игри пред се во квалификациите за Лигата на шампионите го сврте вниманието на неколку странски клубови. На понудата на Видеотон управата на Вардар неможеше да одолее па го ослободи Николов шест месеци порано од договорот.
Му посакуваме среќа на Николов во новиот клуб и му се заблагодаруваме за се што направи за тимот на Вардар овие години.