Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Николов: Уште еднаш покажавте со вакво радување дека сте мал клуб кој немате историја и ништо позади вас!
Николов: Уште еднаш покажавте со вакво радување дека сте мал клуб кој немате историја и ништо позади вас!

Николов: Уште еднаш покажавте со вакво радување дека сте мал клуб кој немате историја и ништо позади вас!

Македонскиот репрезентативец и довчерашен член на шампионот Вардар, Бобан Николов, исто така одговори на провокациите на тимот од Тетово. Репрезентативецот на Македонија потенцираше дека треба пред се да се почитуваат колегите.

Кога Шкендија ќе направи барем малку од тоа што го има ВАРДАР тогаш радувајте се…ама како луѓе… Уште еднаш покажавте со вакво радување дека сте мал клуб кој немате историја и ништо позади вас! Со исклучок на некои играчи од таму, кои без разлика на се’ јас ги почитувам и сум играл и играм со нив!

П.С: Почитувајте си ги колегите без разлика во кој клуб играте и покажете барем ‘трошка’ РЕСПЕКТ…Честито Титула !!! И не заборавајте…ЕДЕН Е ВАРДАР !!! Спортски поздрав, напиша Николов на својот Фејсбук прфил.