Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ќе биде дел од проектот “Фудбал за пријателство“ кој е под покровителство на компанијата “Гаспром”
Вардар ќе биде дел од проектот “Фудбал за пријателство“ кој е под  покровителство на компанијата “Гаспром”

Вардар ќе биде дел од проектот “Фудбал за пријателство“ кој е под покровителство на компанијата “Гаспром”

Како дел од  6. сезона на Меѓународниот детски социјален проект “ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО”, под покровителство на Компанијата “Гаспром” А.Д., како дел од стартот на локалните активности поврзани со овој проект, во петок (20.04.2018 година) ќе се случи средба на тренинг кампот на ФК Вардар во Хиподром, со почеток во 14 часот.  За истата и активностите кои ќе се одвиваат фудбалскиот клуб Вардар излезе со информација во која се вели:

На средбата ќе бидат претставени македонските учесници во овогодинешната сезона на проектот кои ќе патуваат во Москва (Русија), како Делегација од Република Македонија.

На средбата ќе бидат присутни фудбалерите од првиот тим на ФК “Вардар“, на која од децата претставници ќе дознаат повеќе информации за симболот на “ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“ и вредностите кои ги промовира овој проект.

„ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“ (Football for Friendship – F4F) е меѓународен детски општествено – одговорен проект кој за прв пат започнува да се имплементира од 2013 година. Проектот го реализира Акционерското Друштво „Гаспром”, а е поддржан од ФИФА, Олимпискиот и Параолимпискиот Комитет, Фудбалски федерации, детски фондации од целиот свет, како и илјадници новинари ширум светот.

Цел на овој проект е развој на детскиот фудбал, популаризациjа на младинскиот спорт, и здравиот начин на живот, како и едукација за толеранција и промовирањето на пријателството меѓу децата од различни земји, националности и култури.

Главен симбол на проектот е “Алка на Пријателството“. Клучните вредности кои се промовираат во рамки на оваа програма, а ги поддржуваат и ги промовираат учесниците се: пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест.