Селекторот на младинската фудбалска репрезентација до 21 година и поранешен тренер на Вардар, Благоја Милевски денес го соопшти списокот на фудбалери, на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар на гостински терен против селекцијата на Северна Ирска. Во составот се наоѓа само еден играч кој доаѓа од редовите на нашиот фудбалски шампион. Бобан Николов, играчот од средниот ред ќе биде дел од овој дуел кој ќе се одигра на 13-ти септември.
За овој натпревар селекторот не може да смета на услугите на Дарко Велковски, кој ќе отсуствува еден меч поради суспензија од картони. На негово место дополнително е повикан друг дефанзивен играч. Собирот на екипата за овој квалификациски натпревар е на 7-ми октомври. Милевски најавува претпазливост пред овој меч и очекува максимално залагање од сите играчи кои се повикани.